Хидрирачки и осветлувачки шампон за долга коса склона кон frizz. Шампонот од 500мл може повторно да се полни со соодветниот еко-refill во кесичка.
Bain Hydra-Glaze од Kérastase е хидрирачки осветлувачки шампон за долга коса склона кон frizz. Тој е специјално формулиран со хијалуронска киселина, гликолична киселина и дива роза во масло, за да обезбеди разиграна и сјајна коса од соништата.
Неговата високо пенлива формула како гел, го чисти скалпот и површината на влакното за да открие врвен чист сјај. Ги хидрира и затегнува кутикулите на косата за да креира ултрамазна површина.
Неочекувана мешавина инспирирана од високата мода, цитрусни ноти со потпис на луксузен цветен букет. Микс од техника за нега на коса и уметност на луксузни мириси, за ултрасензорно искуство.
Шампонот од 500мл кој може повторно да се полни, е направен со 100% рециклирана пластика* во фабрика која користи 100% обновлива енергија и може повторно да се наполни со соодветниот шампон во кесичка, направен со -82% пластично пакување** во фабрика која користи вода само за да ги задоволи потребите на човечката потрошувачка и за употреба како суровина во производството на производи.
*Со исклучок на пумпата, колорантите и адитивите.
**За разлика од две пакувања на шампон од 250мл
ПРИДОБИВКИ:
Обезбедува долготрајна чистина.
4 ДЕНА анти-frizz*
4 ДЕНА сјајна коса*
*Потрошувачки тест на 103 потрошувачи, по нанесување шампон + балсам + масло
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Чекор 1: Нанеси на мокра коса.
Чекор 2: Исплакни темелно.
Во случај на директен контакт со очите, исплакни темелно со вода. Избегнувај контакт со очите. Наменето само за употреба на возрасни.
Како повторно да го наполнам моето шише?
Лесно можеш одново и одново да го полниш шишето благодарение на процес од 3 чекори:
1. Отстрани го капачето на кесичката така што ќе го одвртиш.
2. Наполни го празното неодмиено шише на соодветниот шампон. Не ја плакни пумпата и држи ја заштитена од нечистотија.
3. Напиши го датумот на полнењето и batch бројот на шишето со пумпа, достапен на задната страна на кесичката шампон.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Хијалуронска киселина
Широко распостранета во производите за нега за кожа, хијалуронската киселина која природно може да се најде во телото, ја задржува влагата и е способна да врзува количина на вода што е 1000 пати поголема од сопствената тежина.
Гликолична киселина
Природна овошна киселина, која се користи во козметиката поради нејзините ексфолирачки својства и која е способна да навлезе длабоко, правејќи ја уште поефективна и моќна.
Дива роза во масло
Една од омилените врвни состојки. Носи сензорност и женственост која допира до девојките од генерација Z.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар