Обновувачки шампон за сите типови процесирана или ошттена коса. Богато двојно дејство кое делува одвнатре и надвор, за да го отстрани калциумот и да ја зацврсти и обнови оштетената коса. Шампонот од 500мл може повторно да се полни со соодветниот еко-refill во кесичка.
Kérastase Première Bain Décalcifiant Réparateur е обновувачки шампон за сите типови процесирана или ошттена коса, кој истовремено го отстранува наталожениот калциум од косата. Овој професионален шампон без сулфати** нежно го чисти скалпот и косата, истовремено отстранувајќи го калциумот кој понатаму и се заканува на третираната коса. Косата е обновена одвнатре, кршењето е намалено, а здравиот изглед на косата – вратен.
Бел кремаст шампон кој се трансформира во луксузна пена, и чие дејство се бори против предозираноста од калциум кое произлегува од тврда вода, која ја напаѓа веќе оштетената или бланширана коса, оставајќи ја со безживотен изглед. Шампонот исто така ги зачувува и кератинските врски внатре во влакното, обновувајќи го во сржта. Косата е мазна и лесна со стилизирање, сјајна и разиграна.
Препорачуваме нанесување во слој, односно Kérastase Première Bain Décalcifiant Réparateur врз Kérastase Concentré Décalcifiant Ultra-Réparateur без одмивање, за максимални резултати. Комбинирај го со други производи од Première линијата, како што е Masque Filler Réparateur за екстра доза обнова.
ПРИДОБИВКИ:
Нежно ги чисти скалпот и косата
Ја отстранува предозираноста од калциум
Помага во неутрализација на кршењето и безживотноста
Ја обновува косата во сржта
Враќа 99% од првичната цврстина на косата*
73% посјајна коса***
2x помазна коса***
93% поцврста коса***
*Инструментален тест по 6 нанесувања на Première Concentré + Bain + Fondant/Masque
**Без сулфатни сурфактанти
***Инструментален тест
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Чекор 1: Нанеси на мокра коса, врз Concentré Décalcifiant Ultra-Réparateur.*
Чекор 2: Масирај и запени. Исплакни темелно.
Чекор 3: Прдолжи со Première Fondant или Mask.*
Во случај на контакт со очи, веднаш исплакни ги темелно.
*МАКСИМИЗИРАЈ ГИ РЕЗУЛТАТИТЕ СО МОЌТА НА НАНЕСУВАЊЕТО ВО СЛОЕВИ.
Како повторно да го наполнам моето шише?
Лесно можеш одново и одново да го полниш шишето благодарение на процес од 3 чекори:
1. Отстрани го капачето на кесичката така што ќе го одвртиш.
2. Наполни го празното неодмиено шише на соодветниот шампон. Не ја плакни пумпата и држи ја заштитена од нечистотија.
3. Напиши го датумот на полнењето и batch бројот на шишето со пумпа, достапен на задната страна на кесичката шампон.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Лимонска киселина:
Органска киселина која дејствува одвнатре кон површината, за длабински да ја елиминира предозираноста од калциум, неутрализирајќи ја безживотноста и вкочанетоста.
Гликолна киселина:
Кога калциумот ќе се отстрани, оваа амино киселина пенетрира во внатрешниот слој на косата за длабинска обнова.
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар